Достапни линкови

logo-print

Лукашенко - нема тоалетна хартија во нашите колбаси


Тоа што нема тоалетна хартија во нашите колбаси, ги прави белоруските производи подобри од руските, рече претседателот на Белорусија Александар Лукашенко. Според него Русија ги намалила стандардите за квалитет на храна по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, додека Белорусија благодарени на Лукашенко ги задржала.

„Белоруската храна е со значително повисок квалитет. Нема тоалетна хартија во нашата салама и никогаш немало, “ рече тој. Според него во руските има тоалет харија, соја и други додатоци.

XS
SM
MD
LG