Достапни линкови

logo-print

Разговорите на рускиот претседател Владимир Путин со претседателот на Украина Петро Порошнеко и неколкумина лидери на Европската унија, според Кремљ биле полни со недоразбирања.

Дипломатскиот блиц напад во врска со Украина, според новинските агенции, Владимир Путин го почнал цврсто кога синоќа ја оставил германската канцеларка Ангела Меркел да чека на состанокот со него, а потоа влезе на средината на вечерата со европските и азиските лидери.

Путин допатува во Милано од Белград откако србите, му приредија долга парада во негова чест.

Путин по денешниот состанок со украинскиот претседател Поршенко оцени дека тој бил позитивен и добар. Со слична оценка беа и другите учесници на овој состанок.

„Мислам дека направивме чекор напред за климата, за конструктивната дискусија. Очигледно, постојат многу разлики. Тоа е нормално. Ова е причината заради која сме тука. Но сите ја истакнуваат желбата за да се најде решение.“

Изјави домаќинот на самитот во Милано италијанскиот премиер Матео Ренци.

Мислам дека направивме чекор напред за климата, за конструктивната дискусија. Очигледно, постојат многу разлики. Тоа е нормално. Ова е причината заради која сме тука. Но сите ја истакнуваат желбата за да се најде решение.

Но, друга страна неговиот портпарол Дмитри Песков оцени дека на разговорите не дошло до напредок, додавајќи дека тие биле полни со недоразбирања и несогласувања.

Иста беше неговата порака и по синоќешната средба на Путин со Меркел која беше своевидно загревање.

„Се уште постојат сериозни разлики во врска со причините на украинскиот внатрешен конфликт, како и со корените на она што сега се случува таму“, го цитираат руските медиуми Дмитри Песков.

Меркел пред самитот во Милано изјави дека е Русија таа која на крајот треба да каже дали договореното примирје навистина се почитува.

Таа во Милано имаше средба и со украинскиот претседател Петро Порошенко кој изјави дека очекува резултатот од состаноците во Милано да биде мирот и стабилноста во Украина.

Претходно во Белград Путин изрази надеж дека разговорите во Италија ќе помогнат во решавањето на спорот со цената на гасот меѓу Русија и Украина.

Се уште постојат сериозни разлики во врска со причините на украинскиот внатрешен конфликт, како и со корените на она што сега се случува таму

Повеќето од рускиот гас со кои се снабдуваат земјите во Европа минува низ гасоводите во Украина, а Путин предупреди дека Русија би можело да го прекине снабдувањето за Европа како што беше пред шест години.

„Русија секогаш беше сигурен извозник на гас. Ние секогаш имавме доволно ресурси за снабдување на нашите потреби, како и на нашите клиенти во Европа и Азија.

Изјави Путин во Белград. Србија одби да ги спроведе западните санкции против Русија и покрај притисокот на Европската унија на која Србија сака да и се приклучи.

Како и да, велат експертите, Белград се уште има време за тоа со оглед на фактот што Унијата не планира проширување пред 2020 година. Како одговор на европските санкции кон Москва, Путин вети руски инвестиции во Србија.

„За земји како Србија ова е добра можност да ја најдат својата позиција на нашипт пазар. Затоа руските компании се подготвени да инвестираат во српското земјоделство. Секако тоа можеме заедно и со компании од Западна Европа“, рече Путин.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG