Достапни линкови

Сириската опсерваторија тврди дека ИД обучува пилоти


Милитантите на Исламската држава обучуваат пилоти за борбени авиони, соопштија од сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Нејзиниот шеф, Рами Абдел Рахман, изјави дека сведоци рекле дека виделе како полетуваат авиони од воздушна база во близина на сирискиот град Алепо, во област која е под контрола на милитантите на ИД.

Рахман тврди дека авионите се управувани од ирачки воени пилоти кои служеле за време на режимот на Садам Хусеин.

Засега нема информации дали авионите се опремени со оружје.

Во меѓувреме коалицијата предводена од САД спроведува воздушни напади во Коабни, каде курдските сили се борат со милитантната група веќе неколку недели.

XS
SM
MD
LG