Достапни линкови

Иванов - Балканот има потреба од поголема доверба


Одредени настани загрижуваат затоа што создаваат голема несигурност кај луѓето. Нашиот регион се уште има потреба од поголема доверба, комуникација и позитивни примери, изјавил претседателот Ѓорге Иванов, коментирајќи го настанот во Белград за време на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија, како и за последиците што произлегоа од него. Иванов е на Форумот Кран Монтана во Женева. На маргините на форумот, Иванов се сретнал со претседателот на Црна Цора Филип Вујановиќ.

За време на престојот во Швајцарија, претседателот Иванов денеска ќе оствари средба со високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Раад Ал Хусеин, а утре ќе се сретне со претставници на Форумот на македонските друштва во Швајцарија.

XS
SM
MD
LG