Достапни линкови

Ирак воведе полициски час во Рамади


Ирачките власти воведоа полициски час во градот Рамади, во обид да го забават напредувањето на милитантите од Исламската држава. Полицискиот час започнал на полноќ за да се ограничи движењето во и надвор од градот.

Милитантите напредуват кон Рамади во последните неколку недели и покрај воздушните напади на коалицијата предводена од САД. Одлуката за воведување полициски час дојде откако разузнавачката служба на Ирак добила информации дека милитантите подготвуваат напади на безбедносните сили и на цивили во Рамади. Рамади се наоѓа на околу 100 километри западно од Багдад.

XS
SM
MD
LG