Достапни линкови

Турција не влезе во Советот за безбедност


Турција не успеа да обезбеди поддршка меѓу земјите членки на ОН, за место во Советот за безбедност и покрај силното лобирање на турската дипломатија. Неуспехот да се обезбеди едно од десете места во Советот за безбедност, што се определени за непостојаните членки, доаѓа по одбивањето на Турција, да се вклучи во борбата против џихадистите на Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија, како и несакањето на официјална Анкара да им помогне на Курдите, во сирискиот град Кобане, сместен непосредно покрај сириско-турската граница, кои неколку недели водат тешка битка со милитантните сунитски исламисти.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевут Чавушоглу, изрази разочарување од исходот во гласањето, индиректно признавајќи дека гласањето е поврзано со однесувањето на неговата земја, во сегашната ситуација на Блискиот Исток.

Во ОН се гласаше за пополнувањето на пет, од десете места што во Советот за безбедност се определни за непостојаните членки. Беа избрани Шпанија, Нов Зеланд, Ангола, Малезија и Венецуела. Во Советот за безбедност, новозибраните земји, ќе им се приклучат на другите пет непостојани членки, Чад, Чиле, Јордан, Литванија и Нигерија.

XS
SM
MD
LG