Достапни линкови

Македонија ќе користи 400 милиони долари од Светска банка


Презентација на редовниот полугодишен економски извештај за Југоистична Европа на Светска банка. 26 мај 2014.

Презентација на редовниот полугодишен економски извештај за Југоистична Европа на Светска банка. 26 мај 2014.

Македонија во наредните четири години ќе може да користи 400 милиони долари од Светска банка за постигнувње повисок и поинклузивен раст, кој ќе се претвори во работни места и зголемен приход за сите сегменти во општеството. Ова е предвидено со новата Стратегија за партнерство со Република Македонија за периодот 2015 -2018 година, а која беше разгледана од Бордот директори на Банката вчера.

„Новата Стратегија се должи на силното партнерство помеѓу Македонија и Групацијата Светска банка, која дава цврста поддршка на земјата во нејзиниот развој и аспирација за пристап во Европската унија“, се наведува во соопштението од Светска банка.

Зависно од условите на пазарот, овие 400 милиони долари може да бидат дополнети со 80 до 100 милиони долари финансирање за четири години од Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ) и гаранции од Мултилатералната агенција за гаранција на инвестициите (МИГА).

XS
SM
MD
LG