Достапни линкови

logo-print

Пари и „перење мозок“ причини за одење на туѓи боишта


„Каква татковина на тие луѓе е Ирак или Сирија. Ако треба да се загине, се гине за Македонија, за одбрана на територијалниот интегритет на својата држава, на својата татковина“, вели Реисот Сулејман Хаџи Реџепи.

Најголемиот дел од исламските верници во Македонија се приклонети кон ИВЗ, но се уште има две џамии во Скопје кои не се под наша контрола, вели поглаварот на исламската верска заедница реисот Сулејман Хаџи Реџепи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Одредбите, начелата на исламот, не дозволуваат да се оди на такви боишта, ниту пак може да се третира дека тоа е џихад. Џихад е кога граѓанинот, верникот се става во одбрана на татковината.

Тој предупредува дека ако има останато мал дел од исламски радикализам во Македонија, тоа е во тие две џамии и, како што тврди, никаде на друго место. За заминувањето на луѓе од земјава на боиштата во Сирија и во Ирак реисот нагласува дека постојат две причини, матријална, но и како што истакнува - „перење мозок“.

„Одредбите, начелата на исламот, не дозволуваат да се оди на такви боишта, ниту пак може да се третира дека тоа е џихад. Џихад е кога граѓанинот, верникот се става во одбрана на татковината. Каква татковина на тие луѓе е Ирак, каква татковина им е Сирија, ако се од Македонија, тогаш нивна татковина е Република Македонија. Aко треба да се загине, се гине за Македонија, во одбрана на територијалниот интегритет на својата држава, на својата татковина“, вели Реџепи.

Без оглед на тешката економска состојба во семејството или на поединецот, ако нема примеси или влијанија и на идеолошката матрица, тој тешко би прифатил таков нешто.

И според безбедносниот аналитичар Благоја Марковски една од работите поради кои некои граѓани одлучуваат да се придружам на исламските радикали е лошата економска состојба во земјава, но како што вели, тоа не може да се гледа како изолирана причина.

„Не може само тоа да биде основниот мотив за заминувањето, туку тоа сепак е поврзано со идеолошката матрица, значи без оглед на тешката економска состојба во семејството или на поединецот, ако нема примеси или влијанија и на идеолошката матрица, тој тешко би прифатил таков нешто и не постојат всушност основни мотиви да се задоволи неговата потреба“, вели Марковски, според кој исламскиот радикализам во Македонија има тенденција на опаѓање, но сепак тој тлее и може да се јави во конкретни ситуации.

Инаку во интервјуто што ќе го емитуваме во недела, Реџепи ги отфрла обвинувањата дека ИВЗ се богати од наплатата на трошоците за аџилакот објаснувајќи дека тој е најевтин споредено со земјите во регионот. Според него, ИВЗ се уште е дискриминарана во однос со МПЦ, а за подобрување на односот на државата, како што вели, побарал помош и од ДУИ, но според него тие биле безгласни и без моќ во владината коалиција.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG