Достапни линкови

Обама можеби ќе именува водач против еболата


Американскиот претседател Барак Обама вели дека можеби ќе именува водач во борбата со ебола, но дека нема да фаворизира да се забрани патување во Западна Африка. Обама се соочи со притисок да назначи едно лице да ги предводи напорите на неговата администрација против вирусот. Тој рече дека не се спротивставува на идејата да се забрани патување во региони погодени од ебола во Западна Африка, ако тоа ги заштити Американците, но сепак експертите му советувале дека забраната не е начин, оти функционира и скринингот на аеродромите. Две медицински лица во Тексас се заразија со ебола, додека лекувале пациент кој ја имам болеста. Тој почина минатата недела.

XS
SM
MD
LG