Достапни линкови

Во Милано, средба меѓу Путин и Меркел


Рускиот претседател Владимир Путин доцна синоќа во Милано се сретна со германскиот канцелар Ангела Меркел пред неговите денешни разговори со другите светски лидери и со претседателот на Украина Петро Порошенко. Кремљ соопшти дека двајцата имале различни ставиви околу конфликтот во Украина. Путин пристигна во Милано по престојот во Белград каде шту присуствуваше на воената парада по повод 70 годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна. Во Белград Путин ја предупреди Европа дека во претстојната зима ќе се соочи со големи транзитни ризици во снабдувањето со природен гас од Русија.

XS
SM
MD
LG