Достапни линкови

Вашингтон: Багдад не се соочува со директна закана од ИД


Портпаролот на американската војска адмирал Џон Кирби изјави дека ирачкиот главен град Багдад во моментов не бил под закана на милитантите на Исламската држава и покрај тоа што тие освоиле територии во провинцијата Анбар. Според него, серијата бомбашки напади во Багдад и напредувањето на милитантите во Анбар не значат и тоа дека градот бил опколен или на работ на освојување. Тој додаде дека ирачките безбедносни сили ги зацврстувале нивните редови, но оти силните песочни бури ги отежнале американските воздушни напади врз позициите на ИД. Претходно „Вашингтон пост“ објави дека милитантите го гранатирале центарот на Багдад.

XS
SM
MD
LG