Достапни линкови

logo-print

Во бомбашки напад во Египет убиени двајца полицајци


Египетската државна телевизија објави дека во бомбашки напад што се случил во провинцијата Синај на северот на земјата двајца полицајци загинале додека двајца други биле ранети. Пред неколку денови бомба екслодира во близина на египетскиот Врховен суд во Каиро при што беа повредени 12 лица. Ваквите инциденти зачестија во Египет по воениот пуч во минатата година кога беше соборен од власт претседателот Мухамад Морси.

XS
SM
MD
LG