Достапни линкови

Во Непал во виулици и лавини загинале најмалку 27 луѓе


Непалските власти соопштија дека најмалку 27 луѓе загинале, а над 70 се уште се водат како исчезнати во серијата силни виулици и лавини. Се прецизира дека повеќето од загинатите биле странци кои се искачувале на Хималаите. Станува збор за државјани на Канада, Словачка, Полска и Израел. Силното невреме било предизвикано од тајфунот што пред неколку денови го погоди индискиот брег.

XS
SM
MD
LG