Достапни линкови

Зариф - прогрес во разговорите за иранската нуклеарна програма


Направен е напредок во сите обласи за време на тешкиот, сериозен и интензивен разговор за иранската нуклеарна програма, рече иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.Тој во Виена шест часа разговараше со американскиот државен секретар Џон Кери и шефот за надворешна политика на Европската унија, Кетрин Ештон.

Тој изјави дека Иран не сака преговорите да продолжат по истекувањето на крајниот рок за договор на 24 ноември.

Зариф денеска треба да има средба и со претставниците на шестте светски сили кои учествуваат во разговорите.

XS
SM
MD
LG