Достапни линкови

logo-print

СДСМ - со буџетот за 2015 ќе нема економски раст


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија смета дека со предложениот буџет за 2015 година, за кој денеска почна расправата во Собранието, нема да има раст и развој на економијата и подобар живот. Кире Наумов на прес-конференција истакна дека нема да може да се соберат планираните приходи од 163 милијарди денари, посочувајќи дека за седум години вкупните приходи во буџетот не надминале 140 милијарди денари. За капиталните расходи посочи дека и за 2015 година се планирани 21 милијарда денари како и во 2014 година, но како што вели за првите осум месеци од годинава се потрошени 10 милијарди денари. За буџетскиот дефицит сметаат од СДСМ дека ќе биде надминат за неколку милијарди и ќе надмине 4 проценти од БДП.

XS
SM
MD
LG