Достапни линкови

logo-print

Mилитантите на ИД се повлекуваат од Кобани


Курдските борци во Кобани соопштија дека милитантите на Исламската држава се повлекуваат од некои делови од градот. Според курдските претставници, милитантите сега контролираат помалку од 20 проценти од градот, благодарение на курдските напори и воздушните напади предводени од САД. Претходните извештаи велеа дека милитантите на ИД контролираат околу 40 проценти од градот. Коалицијата предводена од САД неодамна ги засили воздушните напади околу Кобани.

XS
SM
MD
LG