Достапни линкови

Деновиве во одредени скопски населби загадувањето е екстремно високо. Граѓаните загрижени за нивното здравје велат дека надлежните институции не преземаат доволно мерки за да го спречат аерозагадувањето.

Иако Светската банка пред три години процени дека аерозагадувањето во Скопје годишно убива по 1.350 луѓе и ја чини економијата по 253 милиони евра, властите и натаму ги игнорираат овие податоци и не успеваат да ги намалат високите концентрации на загадувачи во воздухот. Деновиве во одредени скопски населби загадувањето е екстремно високо. Граѓаните загрижени за нивното здравје велат дека надлежните институции не преземаат доволно мерки за да го спречат аерозагадувањето.

Мојот син живее во населбата Ново Лисиче, таму има многу голeма загаденост. Јас лично сум многу загрижен и мислам дека треба да се направи многу повеќе околу тоа загадување.

„Се разбира дека сум загрижена! Надлежните институции не преземаат соодветни мерки за намалување на концентрациите на загадениот воздух.“

„Постои доста голема загриженост. Мојот син живее во населбата Ново Лисиче, таму има многу голeма загаденост. Јас лично сум многу загрижен и мислам дека треба да се направи многу повеќе околу тоа загадување“, велат граѓаните.

Големите капацитети во кои, да речеме, се вработени околу илјада луѓе кои хранат илјада семејства, врз основа на економската сигурност ги држат тие граѓани и е многу тешко да ги убедите тие луѓе дека во суштина ги плаќаат истите пари во болниците за лекари.

Најголемите извори на загадување во Скопје се индустриските и енергетските компании, сообраќајот, урбанизацијата и депониите. Александра Бујароска од невладината организација „Фронт 21/42“, вели дека намалувањето на високите концентрации во Скопје не се случува бидејќи економските приоритети на властите се секогаш над еколошките.

Министерот за животна средина Нурхан Изаири.

Министерот за животна средина Нурхан Изаири.

„Нашите заклучоци од истражувањата во однос на финансиите се дека просперитетот на економијата во нашата држава секогаш се става над екологијата и над човечкиот живот. Големите капацитети во кои, да речеме, се вработени околу илјада луѓе кои хранат илјада семејства, врз основа на економската сигурност ги држат тие граѓани и е многу тешко да ги убедите тие луѓе дека во суштина ги плаќаат истите пари во болниците за лекари. Здравјето никој не може да го плати, но многу е тешко да се убедат луѓето да размислуваат подолгорочно за проблемот, со оглед на фактот дека се соочуваат со ситуација како да го преживеат месецот“, вели Бујароска.

Јас кажав дека препорачливо е овие компании самите да престанат со работа додека не ги исполнат еколошките услови. Во спротивно, ако условите не бидат исполнети до 31 октомври, ние ќе мораме да постапиме и да го почитуваме законот.

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска истакна дека, според неговите увиди на терен, компаниите „Макстил“ и „Југохром“ сè уште ги немаат инсталирано филтрите за заштита на животната средина и дека ако не запрат со работа до 31 овој месец, тогаш министерството ќе постапи согласно законот.

„Јас кажав дека препорачливо е овие компании самите да престанат со работа додека не ги исполнат еколошките услови. Во спротивно, ако условите не бидат исполнети до 31 октомври, ние ќе мораме да постапиме и да го почитуваме законот“, вели Изаири.

Бујароска додава дека индустријата во Скопје учествува со околу 30 до 40 проценти во вкупното аерозагадување, и според неа исклучувањето на „Макстил“ треба да биде добро инспекторирано од страна на инспекторатот за животна средина.

„Често бевме сведоци како „Макстил“ во шест часот наутро или во доцните вечерни часови испушта емисии токму тогаш кога инспекторатот не работи. Доколку „Макстил“ престане со работа ќе придонесе за почист воздух, но во Скопје има и други капацитети кои што загадуваат и покрај тоа што ги имаат спроведено мерките и имаат емисии во воздухот. Индустријата како еден сектор кој што загадува во Скопје, има и тоа каков добар придонес во аерозагадувањето“, вели таа.

Министерот за животна средина, Нурхан Изаири, кажа дека Министерството моментално работи на проект за заштита на воздухот, кој е во насока големите загадувачи да ги исполнат сите законски услови за добивање на еколошките дозволи како и во насока на зајакнување на контролните капацитети на локално ниво.

Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дерка најчестите болести во земјата и во Скопје се поврзани со загадениот воздух. Дури 40 отсто од луѓето кои се лекувани во амбулантите имале заболувања на респираторниот и на циркулаторниот систем, а 55 отсто од децата до шестгодишна возраст страдаат од болести на белите дробови и на дишните патишта.

Според законот за животна средина, максимално дозволените концентрации на годишно ниво не смеат да бидат надминати повеќе од 35 дена во годината. До овој месец централните мерни станици во градот, како Центар, Лисиче или ректоратот на УКИМ, регистрираат од 100 до 150 дена надминати концентрации.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG