Достапни линкови

logo-print

Путин - Русија не тргува со своето пријателство


Рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на Србија вети руска поддршка за земјата и порача дека Русија не тргува со своето пријателство. Што се однесува на економските врски, тој вели дека има тенденција да растат, а условите се такви што овозможуваат уште поголема соработка. Рускиот претседател Владимир Путин на белградскиот аеродромот беше пречекан од неговиот српски колега Томислав Николиќ. Николиќ рече дека Србија денеска нема непријатели, туку има мали и големи пријатели, а Русија ја вбројуваат во голем пријател.

Путин и Николиќ потоа положија венци на Споменикот на ослободителите на Белград и Споменикот на Црвеноармиецот, каде што оддадоа почит на српските и руските борци кои загинале при ослободувањето на Белград во Втората светска војна.

Путин попладнево ќе присуствува на воената парада на Ушќе. Предвидено е и Николиќ да му врачи на Путин ореден на Република Србија.

XS
SM
MD
LG