Достапни линкови

logo-print

ЕУ - Србија добро се справи со ситуацијата на натпреварот


Европската унија денеска ги поздрави српските власти за начинот на кој се справиле со ситуацијата на фудбалски натпревар во Белград меѓу тимовите на Србија и на Албанија, кој беше прекинат во 42-та минута.

Маја Коцијанчич, портпарол на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Кетрин Ештон изјави дека српските власти покажале професионализам при справувањето со ситуацијата.

„Разочарани сме од тоа што се случи. Не ги прифаќаме забелешките на некои медиуми дека ЕУ е вмешана во тој инцидент. Политиката не треба да се користи за провокации на стадионите“, додаде Коцијанчич.

XS
SM
MD
LG