Достапни линкови

Падот на рубљата го намали буџетот за СП 2018


Руската рубља од почетокот на годинава бележи пад во однос на американскиот долар за една третина. Ваквиот сооднос на двете валути придонесе буџетот за фудбалскиот Мундијалот 2018 кој треба да се игра во Русија да биде значително намален. Буџетот за Светското првенство е дефиниран на 664 милијарди рубљи, односно 16 милијарди долари.

Претседателот на Организациониот одбор на Мундијалот во Русија, Алексеј Сорокин, изјави дека со предвидените средства веќе не може да се увезат потребните репроматеријали и додаде дека ќе се обидат недостатокот на суровини да биде покриен со домашни материјали.

Сорокин додаде дека руската влада нема намера реалните загуби поради падот на рубљата да ги надоместува со нови буџетски средства.

XS
SM
MD
LG