Достапни линкови

logo-print

Македонија не е рамнодушна на руската близина


Претседателот Ѓорге Иванов на средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средба во Охрид., 20 април 2011.

Претседателот Ѓорге Иванов на средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средба во Охрид., 20 април 2011.

Освен ЕУ Македонија нема друга алтернатива, но Русија е близу. Станува збор за политички манипулации со јавноста или за реално зголемено влијание на Русија во Македонија?

Парада во Белград, возбуденост во регионот. Пристигнувањето на моќниот претседател на руската федерација Владимир Путин во главниот град на Србија, не ги остави рамнодушни ниту македонските политички кругови.

Од друга страна поголемиот интерес за регионот од Москава ќе ги забрза и процесите на интеграција на Македонија во НАТО и во Европската унија, бидејќи тие ќе сфатат дека нема играчка.

Деновиве пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски и јавно во собранието пред претставниците на ЕУ нагласи дека силно верува во интеграцискиот процес и дека нема друга алтернатива за Македонија, но тој додаде и дека последиците од зголемувањето на руското влијание на Балканот во услови на игнорантски однос кон регионот најмалку зависат од политичките водства на балканските земји. Оцените на дел домашни аналитичари се дека сепак официјална Москва не врши некакво посебно влијание врз политиката во Македонија.

Лавров во Охрид, април 2011.На средба со тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

Лавров во Охрид, април 2011.На средба со тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

Засега има само заинтересираност на Москва за Македонија во најава, но нема и конкретни чекори, коментира поранешниот дипломат Ристо Никовски.

Ниту во историјата, ниту сега Русија нема интерес за Република Македонија.

Тој смета дека посетата на Путин на Белград и изјавата на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров за интеграцијата на Македонија и Црна Гора во НАТО, се поттикнати од судирот меѓу Москва и Вашингтон околу украинската криза.

„Од друга страна поголемиот интерес за регионот од Москва ќе ги забрза и процесите на интеграција на Македонија во НАТО и во Европската унија, бидејќи тие ќе сфатат дека нема играчка“, вели Никовски.

Според професор Мерсел Биљали се работи пред се за политички манипулации со јавноста, а не и за реално зголемено влијание на Русија во Македонија. Тој нагласува и дека федерацијата има природни врски пред со Белград, но и со Атина.

„Ниту во историјата, ниту сега Русија нема интерес за Република Македонија, можеби кога на пример ако Македонија играше паметно во изминатите шест-седум години за да биде фактор на вкрстување на регионалните коридори ќе беше интерес, а сега веќе не е, оти коридорот 10 успешно се заменува со коридорот 4“, вели Биљали.

Инаку што се однесува до официјалните средби на македонски и руски политичари тие не се многу. Лани македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски се сретна со неговиот руски колега Сергеј Лавров, а претходната година премиерот Груевски се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Изјавите по средбите речиси секогаш беа фокусирани на зголемување на економската соработка меѓу двете земји.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG