Достапни линкови

logo-print

Јолевски на министерски состанок во Будва


Присуството на македонските мировници во Авганистан во рамки на мисијата ИСАФ, претставува голем национален и регионален придонес во поддршка на авганистанските власти за изградба на демократско, безбедно и просперитетно општество“, изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски во рамки на регионалнио министерски состанок, што се одржува во Будва, Црна Гора.

За време на состаноците е потпишана и заедничка изјава на министрите во која се истакнува силната поддршка за што поскоро членство на Македонија во НАТО, продолжување на соработката во сојузничките операции и мисии, унапредување на регионалната соработка на полето на справување со катастрофи и продолжување на работата во духот на концептот „Паметна одбрана“, соопштуваат од Министерството за одбрана.

Се разговарало и за безбедносните закани од милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG