Достапни линкови

Авганистан - уапсени двајца водачи на групата Хагани


Уапсени се двајца водачи на групата Хагани, соопштија авганистанските безбедносни власти. Мрежата Хагани стои зад многу смртоносни напади и киднапирања во земјата. Уапсен е Анас Хагани, син на основачот на мрежата Џалалудин Хагани и уште еден командант, Хафиз Рашид. Синот на Хагани одигра клучна улога во носењето стратешки одлуки и прибирање финансиски средства за групата, велат авганистанските власти. Мрежата Хагани е важен сојузник на Талибанците и на Ал Каеда. Мрежата е основана во 1980 од страна на Џалалудин Хагани за да се борат против советските трупи во Авганистан. Сегашниот лидер на движењето, Сирајудин Хагани, е еден од најбараните луѓе во САД. За негово апсење следи награда од 10 милиони долари.

XS
SM
MD
LG