Достапни линкови

Стефановиќ - пронајден дронот, албанската страна провоцира


Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ изјави денеска дека е пронајдено леталото кое предизвика инциденти и кое го прекина фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија. Според него „сите факти во истрагата...укажуваат дека виновник е албанската страна која со тоа сакала да ги испровоцира српските навивачи“.

Стефановиќ додаде и дека е очигледно оти „планот им бил да предизвикаат немири на стадионот“ и оти „изјавите на челниците на албанската Влада укажуваат дека сите знаеле каква провокација се подготвува бидејќи тие во целост го оправдуваат однесувањето на сите лица кои во тоа учествувале“.

Тој рече дека дронот ќе биде испратен на вештачење за да се одреди производителот, каде и како е купен.

XS
SM
MD
LG