Достапни линкови

Таџикистан и Азербејџан со поддршка за територијалниот интегритет


Таџикистан и Азербејџан заедно ќе се борат против заканите за суверенитетот и територијалниот интегритет на своите земји. Денеска во Душанбе претседателите на двете земји, Емомали Рахмон и Илхам Алијев потпишаа декларација за неприфаќање на промена на меѓународно признатите граници. Според документот исто така се бара да се реши ерменско-азербејџанскиот конфликт околу Нагорно-Карабах, територија за која Азербејџан тврди дека е нивна, а во моментов е во рацета на про-ерменските сили.

Двајцата претседатели се договориле да продолжат да ги развиваат односите во повеќе области, како економија, трговијата, транспорт и воена соработка. Алиев е во тридневна официјална посета на Таџикистан.

XS
SM
MD
LG