Достапни линкови

logo-print

Давутоглу - Во Сирија да се создадат безбедносни зони


Во Северна Сирија треба да се создадат безбедносни зони за заштита на локалното население, рече турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Според него зоните треба да бидат создадени меѓу градовите Алепо, Идлиб и турската граница и во нив да бидат вклучени гранични градови, меѓу кои Кобани. Турскиот премиер истакна дека Анкара не говори за создавање на „тампон зони, туку зони за безбедност“.

Сакаме во тие зони да доаѓаат луѓе и да се безбедни. Исто така сакаме да биде создадена зона, забранета за летови, бидејќи тоа е услов за сигурноста на луѓето во зоните за безбедност, рече Давутоглу.

XS
SM
MD
LG