Достапни линкови

Русија со рекорден буџет за одбрана во 2015


Русија за следната година ќе одвои околу 3,3 билиони рубљи, односно околу 80 милијарди долари од својот буџет за трошоци за одбраната, соопшти претседателот на комитетот за одбрана во долниот дом на парламентот, Владимир Комоједов.

Тој изјави дека трошоците за одбрана за следната година ќе бидат за околу 20 милијарди долари повеќе од оваа, но додаде дека неговата комисија предвидува мало намалување на трошоците за 2016 и 2017 година.

Комоједов вели дека за одбрана следната година ќе отидат 4, 2 проценти од БДП на Русија.

Министерот за финансии на Русија, пак, на 7 октомври рече дека плановите за трошење во одбраната треба да бидат пореални во контекст на меѓународните санкции наменети за Русија поради кризата во Украина.

Според нацрт тригодишниот буџетот, ќе има намалување од 5,3 проценти на трошоците во 2016 година, што ќе биде првото намалување од 1998 година.

XS
SM
MD
LG