Достапни линкови

Путин во Белград


Претседателот на Русија Владимир Путин за време на денешната еднодневна посета на Србија ќе разговара со српскиот државен врв и ќе присуствува на воената парада по повод 70 годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна. За време на посетата на Путин ќе биде потпишан пакет од девет документи во областа на воено техничката соработка, енергетиката и железничкиот сообраќај. По Белград Путин заминува за Милано на самитот на Европската унија и азиските земји. Тоа ќе биде прва можност за средби на Путин со европските колеги од јуни кога во Франција присуствуваше на одбележувањето на истоварувањето на сојузниците во Нормандија. Се очекува во Милано да дојде и до средба на Путин со украинскиот претседател Петро Порошенко.

XS
SM
MD
LG