Достапни линкови

logo-print

Обама ги менува плановите поради еболата


Американскиот претседател Барак Обама ги откажа планираните патувања за Њу Џерси и Конектикат за да може со неговиот кабинет да разговара за справувањето со еболата. До ова дојде откако бил заразен и вториот американски здравствен работник, болничарката која се грижела за првиот американец кај кого било потврдено дека бил заболен од овој смртоносен вирус. Советот за безбедност на Обединетите нации соопшти дека е неопходна итна акција против еболата или во спротивност светот ќе се соочи со ситуација без преседан за која не постои соодветен план. Еболата, од која досега починале над 4 илјади луѓе, како што се наведува, претставува голема закана за меѓународниот мир.

XS
SM
MD
LG