Достапни линкови

Министерски состанок на земјите на Јадранската повелба


Министрите за одбрана на Јадранската повелба во усвоената заедничка изјава по вчерашниот состанок во Будва ја реафирмираа силната поддршка за Македонија за членство во НАТО што е можно поскоро. Министрите го поздравија и напредокот на Црна Гора во нејзините реформи за евро-атлантската интеграција, како и аспирациите на Босна и Херцеговина за членство во НАТО. На состанокот учествуваше и македонскиот министер за одбрана Љупчо Јолевски кој изјавил дека Македонија се залага за проширување и продлабочување на регионалната соработка со практични проекти и поддршка за земјите од Регионот.

XS
SM
MD
LG