Достапни линкови

Децата со аутизам сонуваат за во школо


Маршот за инклузија на децата со посебни потреби во образованието.

Маршот за инклузија на децата со посебни потреби во образованието.

Македонија пред три години ја ратификува Kонвенцијата за инклузивни училишта, но сè уште добар дел од децата со вакви тешкотии се надвор од редовната настава.

Син ми има десет години, а сè уште не посетува редовна настава, се пожали Ј. Стојановска од Битола, мајка на дете болно од аутизам. Додека за повеќето ученици одењето на училиште е вообичаена рутина, за нивните врсници со аутизам и нивните родители тоа е макотрпна битка. Македонија пред три години ја ратификува Kонвенцијата за инклузивни училишта, но сè уште добар дел од децата со вакви тешкотии се надвор од редовната настава.

Се соочуваме со огромен број проблеми. Нашето дете не посетува редовна настава зашто сè уште не е на тој степен на развој за да се вклучи во школо. Приватно има часови со психолог и посетува логопед во Заводот за рехабилитација на слух и говор.

„Се соочуваме со огромен број проблеми. Нашето дете не посетува редовна настава зашто сè уште не е на тој степен на развој за да се вклучи во школо. Приватно има часови со психолог и посетува логопед во Заводот за рехабилитација на слух и говор. Нема говор, а тој како основен начин на комуникација доколку го нема и сите други функции да се запазени многу тешко би функционирал во наставата. Има и други дечиња кои не одат во редовна настава, претежно дечињата кои имаат проблеми со говорот и социјализацијата“, вели Стојановска.

Во Битола има триесетина деца со аутизам над четиригодишна возраст. Од здружението „Марко Поло експлорер“ велат дека добар дел од нив се надвор од наставата. Нивните родители минуваат вистинска голгота за да ги вклучат во училиштата. Има добра волја кај наставниците, но потребен е придружен стручен кадар кој ќе присуствува на часовите и соодветна наставна програма.

Имам две деца со посебни потреби. Кај поголемиот имавме повеќе проблеми со говорот, но сега оди редовно на училиште. Едниот син е 11, а другиот 13 години. Јас не сум вработен, но земам специјален додаток за едниот и социјална помош. Тешко е, но се снаоѓаме.

Засега само неколку од децата е вклучени во посебната паралелка во основното училиште „Ѓорги Сугарев“ и во други редовни основни училишта во градот. Дел од родителите не се вработени, па маки мачат да им обезбедат храна и потребна грижа на децата.

„Имам две деца со посебни потреби. Кај поголемиот имавме повеќе проблеми со говорот, но сега оди редовно на училиште. Едниот син е 11, а другиот 13 години. Јас не сум вработен, но земам специјален додаток за едниот и социјална помош. Тешко е, но се снаоѓаме“, вели Александар Кузмановски.

„Го носев во Депандансот за слух у говор. Таму напредуваше убаво. Ги научи зборчињата. Задоволна сум од сегашното училиште „Ѓорги Сугарев“ каде два пати му даваат храна зашто јас сум самохрана мајка“, вели Елена Михајловска.

Родителите велат дека состојбата на децата со аутизам ќе се подобри доколку во градот се отвори едукативен центар каде ќе добијат професионален третман. Таму децата ќе се оспособуваат до одредена граница за потоа да можат да преминат во редовна настава. Таков центар има само во Скопје, но не и во другите градови.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG