Достапни линкови

logo-print

Видео конференција за борбата против милитантите на ИД


Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе одржи видео-конференција со лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Италија.

На дневен ред се повеќе меѓународни прашања ,меѓу кои, и борбата против милитантите на организацијата Исламска држава.

Обама вчера изрази длабока загриженост за опсадата на Кобани град во близина на границата со Сирија и за активностите на екстремистичката група во провинција Анбар во Ирак.

Коалицијата предводена од САД ги засили воздушните напади околу Кобани и целите на Исламската Држава во Ирак.

XS
SM
MD
LG