Достапни линкови

Медицинските сестри во САД реaгираат за еболата


Најголемиот Синдикат на медицински сестри во Америка се пожали за пропусти во протоколот за лекување, поради што двајца здравствени работници во Тексас се заразени со ебола. Тие се грижеле за првата жртва на овој вирус во САД. Нивната реакција доаѓа денеска по информациите дека и втор медицински работник е позитивен на ебола. Претходно од ебола се зарази медицинска сестра. Унијата на медицински сестри од Тексас соопшти дека медицинските лица биле принудени да работат со денови без соодветна заштитна облека и имале малку инструкции за тоа како да го спречат ширењето на вирусот. Според Синдикатот, пациентот заразен со ебола, со часови бил во отворен и незаштитет простор кога првпат го донеле во болницата во собата за итни случаи.

XS
SM
MD
LG