Достапни линкови

СДСМ - да сe прекине со уставните измени


СДСМ денеска побара да прекине постапката за уставни измени и да бидат повлечени предложените уставни амандмани.

Рената Дескоска, претседателка на Комисијата за правда во партијата, изјави дека за измени на Уставот е потребна широка политичка поддршка и оти уставните измени не треба да се носат кога опозицијата не е во Собранието.

Повикувајќи се на Венецијанската комисија, Дескоска рече дека како неквалитетни се оценети речиси сите предложени уставни амандмани и оти дел од нив ја оддалечуваат земјата од европските вредности. Според неа, најсериозната забелешка се однесува на воведувањето на т.н. меѓународна финансиска зона.

XS
SM
MD
LG