Достапни линкови

logo-print

Вардарки чекор по чекор до европскиот врв


Пет месеци по освоеното трето место на Фајнал - фор турнирот во Будимпешта, македонскиот женски ракометен првак Вардар, в недела на теренот на црногорскиот Будуќност, ќе ја стартува новата сезона во елитната Лига на шампиони.

Македонскиот женски ракометен првак Вардар в недела ќе ја стартува новата авантура во Лигата на шампионите. Овој пат, за разлика од лани кога беа дебитанти, вардарки се фаворити за висок пласман, а јавноста очекува најмалку повторување на успехот од пред пет месеци, кога го освоија третото место на Фајнал - фор турнирот во Будимпешта.

Нормално е дека сега сите очекуваат повеќе од нас. Но, јас како и минатата година секогаш велам чекор по чекор. Треба да бидеме подготвени на тоа дека сега нè гледаат со сосема поинакви очи во однос на минатата сезона кога бевме аутсајдери во ЛШ.

Во клубот се свесни за тоа и не бегаат од наметнатиот императив, иако, според тренерот Индира Кастратовиќ, сега против себе ќе имаат многу помотивирани противници.

„Нормално е дека сега сите очекуваат повеќе од нас. Но, јас како и минатата година секогаш велам чекор по чекор. Треба да бидеме подготвени на тоа дека сега нè гледаат со сосема поинакви очи во однос на минатата сезона кога бевме аутсајдери во ЛШ. Така што, мислам дека и секоја екипа сега поспецифично ќе се подготвува за нас. Сезоната е долга, така што прво оваа групна фаза да ја поминеме. Мислам дека девојките се подготвени за тоа, со нетрпение очекуваат да почнеме со нашите натпревари и да оди сè, се надевам како што ќе треба“, изјави Кастратовиќ.

Многу ни недостасуваат натпреварите, така што мислам дека овој прв меч во Подгорица, ќе ни биде тешко не само поради тоа што тоа ни е прв во ЛШ, туку и затоа што одамна не сме имале натпревар со толкава тензија и со толкаво резултатско значење.

За влез во втората фаза (каде ќе се пренесат бодовите од претходните мечеви), вардарки ќе треба да го освојат најмалку третото место по двомечите со европскиот вицепрвак Будуќност (Црна Гора), Турингер (Германија) и со Подравка (Хрватска). Ова е една од посилните групи во елитното натпреварување, но оптимизмот дека ќе биде исполнета целта го подгрева фактот што станува збор за ривали против кои Вардар бележеше позитивни резултати во минатата сезона. Сепак, на почетокот, хендикеп за нашиот првак може да биде тоа што ова ќе се практично првите сериозни натпревари по петмесечна пауза. Патем, токму за првото коло (19-ти октомври), е закажано гостувањето кај најквалитетниот противник, Будуќност, што ќе биде реприза на мајскиот полуфинален дуел (во кој црногорскиот првак беше подобар дури по продолженија).

Затоа, Кастратовиќ не сака да ветува одмазда за болниот пораз во Будимпешта, што не значи и откажување од првите бодови во новата сезона.

„Многу ни недостасуваат натпреварите, така што мислам дека овој прв меч во Подгорица, ќе ни биде тешко не само поради тоа што тоа ни е прв во ЛШ, туку и затоа што одамна не сме имале натпревар со толкава тензија и со толкаво резултатско значење. Подгорица, како и секогаш, е жежок терен, но нормално дека одиме таму за да направиме добар резултат и се надевам дека ќе пружиме добра партија, добра игра и резултатот ќе дојде сам по себе“, додаде тренерот на Вардар, Индира Кастратовиќ.

Кога е во прашање играчкиот кадар, со исклучок на повредените Пино и Хмирова (ќе бидат отсутни до крајот на годинава), другите се во комбинација за стартот на вториот клупски настап во женската ракометна елита. А, во неа, покрај со ланските адути Лекиќ, Радичевиќ, Суслина, Лејно, Николиќ, Дембеле, црвено - црните на европскиот врв ќе атакуваат и со летните засилувања, кои исто така се веќе докажани на врвната сцена, Алтхаус, Пенезиќ, Лазовиќ, Икнева и Черноиваненко.

XS
SM
MD
LG