Достапни линкови

Скопскиот џез фестивал како жив организам


Фајр Оркестра.

Фајр Оркестра.

Со концертите на дуото Јун Сун На и Улф Вакениус и квартетот на Тери Лин Керингтон во Универзална сала и настапот на ОБАРА ИНТЕРНЕЈШНЛ во Сити хол центар, започнува 33-то издание на Скопскиот џез фестивал. На манифестацијата, од 16 до 19 октомври, на неколку сцени во вообичаените термини и по прв пат со дневен концерт, ќе ги видиме и чуеме и ФАЈР!ОРКЕСТРА, Метју Шип, Вадада Лео Смит, култните Д НЕКС и други современи изведувачи кои ја претпочитаат безусловната слобода во однос на формата.

Скопскиот џез фестивал својата репутација на врвна светска (суб)културна манифестација ја изгради на идејата пред сè да биде репрезент на прогресивното во однос на комерцијалното. Од таму, наспроти трката по звучни имиња, мисијата за едукација на публиката доведе до тоа случувањето да биде акцентирано како една од ретките пожелувани станици во глобални рамки за мнозина современи џез музичари и вистински гиганти. За оние кои потем го ширеа гласот за одличниот прием на нивната напредна мисла и импровизација.

Случувањата ќе започнат со корејската пејачка Јун Сун На и шведскиот гитарист Улф Вакениус. Неа, во 2005 година, францускиот магазин „Ле Монд“ ја опиша како „вонземјанка која го допира џез универзумот со величествен глас и страствена оригиналност“.

Јун Сун На и Улф Вакениус.

Јун Сун На и Улф Вакениус.

Во тој контекст, со нагласена заложба за освежување, е правена и годинашната понуда која ја потпишуваат Оливер Белопета и неговиот тим, во случајов зајакнати со продуцентот Богдан Бенигар како програмски директор на Скопскиот џез фестивал. И, ако се знае тоа дека тој е долгогодишен уметнички директор на Љубљанскиот џез фестивал, еден од најстарите џез фестивали во Европа и првиот човек на реномираниот словенечки фестивал на алтернативна и „музика на светот“ - „Друга годба“, а заедно со Белопета се во претседателството на „Јуроп џез нетворк“, тогаш е сосема разбирливо што годинава во четирите дена ќе проследиме изведби на артисти кои ретко каде во ваков контекст и како една самосвојна целина би се нашле на еден фестивал.

И, ако крајот делото го краси, вечерта во МОБ едно по друго на сцената ќе се искачат Вадада Лио Смит (трубач, мултиинструменталист, композитор, импровизатор и истражувач) придружуван од саунд-дизајнерот Хардејџ (нашиот Велибор Педевски кој живее и твори во САД) и култните австралијци Д НЕКС.

Случувањата ќе започнат со корејската пејачка Јун Сун На и шведскиот гитарист Улф Вакениус. Неа, во 2005 година, францускиот магазин „Ле Монд“ ја опиша како „вонземјанка која го допира џез универзумот со величествен глас и страствена оригиналност“, а познато е дека Вакениус, како врвен инструменталист, соработувал и снимал со великани како Херби Хенкок, Пет Метини, Џек Ди Џонет, Мајкл Брекер и други.

Д НЕКС.

Д НЕКС.

Она што овојпат ќе ни го претстави експлозивниот шведски сакасофонист и композитор Матс Густафсон е ФАЈР!ОРКЕСТРА или 28-член ансамбл во кој е кремот на скандинавската џез, импро и авант-рок сцена и во чија музика се испреплетени елеганцијата и луцидноста на звукот на оркестрите на Сан Ра, Чарли Хејдн, Карла Блеј и енергичноста и оргазмичноста на „индастриал-ноиз и гараж-панк музиката“.

Следува концертот на „Греми“, овенчаната тапанарка, композиторка, предводничка на неколку бендови и професорка на Беркли колеџот - Тери Лин Керингтон, која на ова ново доаѓање во Скопје (минатиот пат беше во екипата на Хенкок), ќе ни го претстави својот албум „Money Jungle: Provocative in Blue”, нејзиниот омаж на изданието на легендите Дјук Елингтон, Чарлс Мингус и Макс Роуч од 1963 година и вистинскиот следбеник на „The Mosaic Project” на кој и гостуваа Есперанца Спалдинг, Нона Хендрикс, Касандра Вилсон и други џез диви и кој, патем, беше прогласен за „најдобар вокален џез албум“.

Фајр Оркестра.

Фајр Оркестра.

Првата вечер ќе биде заокружена со настапот на саксофонистот Мачеј Обара, еден од најпрепознатливите музичари и композитори од младата генерација на „новиот полски џез“, кој во случајов ќе биде придружуван од сонародникот Доминик Ваниа на пијано и извонредните норвешки музичари Оле Мортен Ваген на бас и Гард Нилсен на тапани.

Втората вечер, пак, претставува заумен обид да биде претставена иновативноста на современиот европски џез и тоа колку растегливи можат да бидат (или зошто и да не постојат) рамките на еден џез фестивал. Од таму, она што овојпат ќе ни го претстави експлозивниот шведски сакасофонист и композитор Матс Густафсон е ФАЈР!ОРКЕСТРА или 28-член ансамбл во кој е кремот на скандинавската џез, импро и авант-рок сцена и во чија музика се испреплетени елеганцијата и луцидноста на звукот на оркестрите на Сан Ра, Чарли Хејдн, Карла Блеј и енергичноста и оргазмичноста на „индастриал-ноиз и гараж-панк музиката“.

Следува концертот на швајцарскиот пијанист Ник Барч кој со РИТАМ РОНИН КЛАН ќе нè внесе во она што се нарекува „зен фанк“ или „ритуал грув“, за да длабоко во ноќта го видиме и чуеме белгиското трио ДЕНС ДЕНС, едно од најинтригантните откритија на рецентната музичка сцена на Стариот континент.

В сабота, возбудите ќе започнат со рециталот на Метју Шип, еден од најбрилијантните пијанисти на неговата генерација и еден од најоригиналните стилисти во историјата на џез музиката. Вистинска експлозија од воодушевување се очекува, пак, на настапот на Елиане Елиас, пет пати номинираната за „Греми“ и добитничката на четири награди „Златен диск“, која во својата изведба вешто ги комбинира ведрината на бразилската боса-нова со хармонската софистицираност на музичкиот свет на Њујорк.

Точка на долгата ноќ се очекува да стават нам добро познатите РЕД СНАПЕР кои во рамките на своето „второ откровение“, периодот по реоформувањето во 2007, му се предадоа на актуелниот афро-фанк ривајвал и кои слегоа до електричниот период на еден гигант како Мајлс Дејвис.

Конечно, в недела во 13 часот во кино „Фросина“, со идеја Фестивалот да живее и преку ден за целото негово времетраење, ќе другаруваме со една од иконите на њујоршката авангардна сцена Нед Ротенберг и со извонредната вокална интерпретаторка и импровизаторка Саинко Намчилак.

И, ако крајот делото го краси, вечерта во МОБ едно по друго на сцената ќе се искачат Вадада Лио Смит (трубач, мултиинструменталист, композитор, импровизатор и истражувач) придружуван од саунд-дизајнерот Хардејџ (нашиот Велибор Педевски кој живее и твори во САД) и култните австралијци Д НЕКС, чија звуковна понуда отвора нов свет на музичка интимност со публиката. За нив се вели дека се „непредвидливи и дека изведувајќи една единствена проширена композиција на секој свој концерт откриваат нови работи за себе. Тоа на слушателот му дава чувство на софистицираност – дека учествува во креативен процес што не се потпира на звуковна тафтологија туку дека и самиот има директен удел во нарацијата што извира од подиумот“.

И, да се вратиме на почетокот. Во пресрет на 33-то издание на Скопскиот џез фестивал во ТИ-МОБАЈЛ беше отворена одлично конципирана мултимедијална изложба посветена на историјата на џезот, потем и постановка на која во „Концепт“ беа претставени плакатите од манифестацијата през годините со фотографии на Жига Коритник и настап на Анета Качуркова и Тони Китановски, а не смее да се заборави дека за дизајнот на постерот и каталогот се погрижи Карло Меѓугорац од Словенија.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG