Достапни линкови

Обама и европските лидери ќе дискутираат за ИД


Американскиот претседател Барак Обама денеска треба да одржи видео-конференција со лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Италија за да разговараат за отворање на меѓународни прашања, меѓу кои и борбата против милитантите од Исламската држава. Обама вчера изрази голема загриженост поради опсадата на градот Кобани на сириската граница со Турција од страна на Исламската држава, како и поради напредокот на милитантите во провинцијата Анбар во Ирак. Тој предвиде „долгорочни“ напори против оваа екстремистичка организација и кампања со „напредок и успеси“. Коалицијата предводена од САД ги засили воздушните напади околу Кобани за поддршка на курдските сили. Американската војска соопшти дека вчера и завчера биле извршени 21 воздушни напади. Милитантите на Исламската држава во Ирак, пак, наводно се приближиле до градот Ал-Амирија, на 40 километри од Багдад.

XS
SM
MD
LG