Достапни линкови

logo-print

Реалноста не е нулта корпуција


Изјавата на американскиот амбасадор Пол Волерс дека во Македонија нема резултати во борбата против корупцијата, е порака оти борбата против корупцијата е подобра на хартија, отколку во реалноста, коментираат дел од познавачите.

По изјавата на американскиот амбасадор Пол Волерс дека Македонија се бори против корупцијата, но дека постои непотизам, деловни зделки, селективно правосудство и политичко влијание кои го јадат напредокот, дел од домашните експерти коментираат дека тоа е порака оти борбата против корупцијата е подобра на хартија, но е полошо во реалноста.

Не ми се познати деталите од истражувањето, меѓутоа ваквата констатација е загрижувачка и навистина мора така и да ја сфатиме и од тоа да извлечеме одредени заклучоци.

Изјавата на Волерс се базира на релевантни показатели во државата кои очигледно се во спротивност со она што го декларираат нашите институции дека има реална борба со корупцијата, коментира поранешниот антикорупционер Драган Малиновски.

„Не ми се познати деталите од истражувањето, меѓутоа ваквата констатација е загрижувачка и навистина мора така и да ја сфатиме и од тоа да извлечеме одредени заклучоци“, вели Малиновски.

Не би се осудил да правам паралели, има друг степен на корупција. Не би се осудил да вадам паралели меѓу двете земји.

Изјавата на Волерс се базира врз извештајот за проценка на корупцијата во Македонија подготвен од МЦМС во рамки на програмата на УСАИД. Според него, во 2013 година Антикорупциска истражила 228 случаи за корупцијата, но само седум се со судска завршница, што, како што оцени Волерс, значи дека борбата против корупцијата е еднаква на нула.

„Тоа на некој начин говори и за самата Комисија наспроти останатите институции, пред сè на Јавното обвинителство, односно колку сериозно се сфаќа тоа што се сработува таму. Инаку, убеден сум дека оние кои се покренати од страна на МВР и од Обвинителството, кои се покренати автономно, се многу повеќе и мислам дека тука треба да бидеме начисто“, вели Малиновски.

Во врска со изјавата дека САД сакаат Македонија да успее во борбата против корупцијата како американски сојузник и пријател и не сакаат да го видат случајот на Украина во Македонија поради ракот на корупцијата, експертите поаѓаат од уверувањето дека корупцијата е штетна за политичкиот и економскиот развој на државата, но сметаат дека не може да се прават паралели меѓу Македонија и Украина.

„Не би се осудил да правам паралели, има друг степен на корупција. Не би се осудил да вадам паралели меѓу двете земји“, вели поранешниот антикорупционер Ариф Муса.

Меѓутоа, Малиновски нагласува дека корупцијата и ослабената држава практично се две лица на истиот проблем.

„Дали корупцијата може да предизвика ефект како што има драматични пореметувања во Украина, јас не можам прецизно да кажам, меѓутоа факт е дека корупцијата влијае на капацитетот на институциите да си ги извршуваат своите функции и може да доведе до сериозни нарушувања генерално на владеењето на правото, на политичкиот систем, на политичкиот живот, на безбедносниот аспект итн.“, вели Малиновски.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG