Достапни линкови

Украинската криза во фокус на Самитот во Милано


Кризата во Укрина ќе биде главна тема на средбите на рускиот претседател Владимир Путин и европските лидери оваа недела. Утре и задутре во Милано се одржува Евро-Азиски Самит на кој се очекува Путин и европските лидери лице в лице да разговараат за кризата. Од Кремљ соопштија дека утре Путин и германската канцеларка Ангела Меркел ќе присуствуваат на вечера на која ќе има и други лидери. Следниот ден на состаноците ќе присуствува и украинскиот претседател Петро Порошенко. Можна е и билатерална средба Путин-Порошенко, како и средба на која освен нив ќе присуствуваат и лидерите на Германија и на Франција.

XS
SM
MD
LG