Достапни линкови

Фудбалот ги преслика меѓуетничките тензии на Балканот


Изолиран инцидент или безбедносна закана? Што велат аналитичарите за вчерашните случувања на фудбалски натпревар во Белград. Инцидентот има свои рефлексии и врз Македонија.

Случувањата на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Албанија и Србија, некои од експертите велат дека преставуваат ризик по безбедноста на Балканот, но за други тоа е вообичаена провокација, која нема да прерасне во нешто посериозно. Натпреварот беше прекинат откако дојде до тепачка помеѓу фудбалерите по појавата на транспарент со албанско знаме и карта на голема Албанија.

Тоа покажува дека на Балканот уште не се излечени раните, туку напротив има индикации дека тие рани се зголемуваат, не се излечени, тоа не укажува на добра иднина за двете страни.

Професор Башким Селмани вели дека од двете засегнати страни е изразено незадоволство и луѓето ги мешаат емоциите што е и што не е спорт.

„Тоа покажува дека на Балканот уште не се излечени раните, туку напротив има индикации дека тие рани се зголемуваат, не се излечени, тоа не укажува на добра иднина за двете страни. И кај нас во Македонија понекогаш се појавуваат истите страсти“, вели Селмани.

Фанови во Косово го следат натпреварот.

Фанови во Косово го следат натпреварот.

Политичкиот аналаитичар Едмонд Адеми не верува оти еден спортски натпревар може да има некаков ефект врз безбедноста на регионот.

„Точно е дека такви натпревари креваат малку емоции и тензии, меѓутоа не верувам дека може да дојде до поширока дестабилизиација заради еден фудбалски натпревар или каков било друг спортски натпревар и ова не е првпат, во регионов имало вакви ситуации“, вели Адеми.

Вчерашни појави по другите градови кадешто се собираа Албанците не е ниту првпат, нема да биде ни последен, ќе има и понатаму, така што мислам дека непотребно се прави голема бука за еден обичен фудбалски натпревар.

Тој додава дека собирањата за време и по натпреварот низ земјава се вообичаени.

„Се собирале и Македонците кога играла македонската репрезентација низ различни градови и заедно гледале натпревари било да е тоа кошарка, фудбал, ракомет и мислам дека појавите вчерашни по другите градови кадешто се собираа Албанците не е ниту првпат, нема да биде ни последен, ќе има и понатаму, така што мислам дека непотребно се прави голема бука за еден обичен фудбалски натпревар“, вели Адеми.

Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ се согласува оти инцидентот е изолиран. Според неа реакциите на Албанците во земјава се сосема нормални, бидејќи досега многу пати покажале оти нивната лојаност и интереси се повеќе свртени кон западниот сосед, отколку кон Македонија.

„Многу пати се покажало дека го оправдуваат, затоа што се собирале за какви било случувања во Косово или во Албанија и го оправдуваат и го веат и знамето на голема Албанија. Многу пати сме виделе и покажување на такви карти, тоа го има и во изјавите на нивите политичари за одземање на западниот дел од Македонија“, вели Стојадиновиќ.

Според Селмани обичните гледачи не се чуствуваат сигурни кога се случуваат такви провокации кои покажуваат оти народите се уште се далеку од пружање рака на помирување, а воедно се испраќа лош сигнал кон младите.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG