Достапни линкови

logo-print

Значителни празнини во преговорите за иранската нуклеарна програма


Останаа значителни празнини во преговарачкиот процес за иранската нуклеарна програма, изјави претставник на американскиот Стејт департмент. Но, Иран и преставниците на шестте светски сили не разговарале за продолжување на крајниот рок за постигнување договор, кој истекува на 24 ноември. Претставникот на Стејт департментот ги даде забелешките додека во Виена трае состанокот меѓу американскиот државен секретар Џон Кери, иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Зариф и шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон. Според него на состанокот не се разговарало за продолжување на рокот, и покрај тоа што изгледа дека нема да може да се постигне договор во предвидениот рок.
Со договорот Иран ќе треба да ги прекине своите нуклеарни активности, меѓу кои збогатувањето на ураниум, а во замена за тоа западните земји ќе ги укинат санкциите.

XS
SM
MD
LG