Достапни линкови

Втор здравствен работник во Тексас позитивен на ебола


Властите во Тексас соопштија дека уште еден здравствен работник е позитивен на ебола. Тој е вториот заразен здравствен работник кој лекувал пациент кој починал од смртоносниот вирус. Заболениот веднаш бил изолиран, велат здравствените власти во Тексас. А тие што биле во контакт со заразениот ќе бидат надгледувани.

Претходно медицинска сестра во Тексас беше инфицирана од вирусот. Таа го лекувала Томас Ерик Дункан од Либерија. Тој почина во Тексас на 8 октомври.

XS
SM
MD
LG