Достапни линкови

Србија не планира да воведе санкции против Русија


Србија не планира да воведе санкции против Русија, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ во интервју за ИТАР-ТАСС пред утрешната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Белград.

„Никој не може да и наредува на Србија да ги разурне своите односи со Руската Федерација. Србија е слободна и независна држава, таа е на европскиот пат, но не воведе и нема да воведе санкции против Русија“, вели Вучиќ.

Српскиот премиер изјави дека очекува со рускиот претседател да разговара за конкретни прашања за соработка во економската сфера.

XS
SM
MD
LG