Достапни линкови

Рама: Соседите оставија лош впечаток


Горди бевме со црвено-црните додека се играше фудбалот, но за жал соседите оставија лош впечаток за организацијата, напиша албанскиот премиер Еди Рама на својот Твитер профил, реагирајќи на синоќешниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу Албанија и Србија. Фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, што се одигра за квалификации за учество за Европското првенство 2016. беше прекинат синоќа по низа инциденти.

Братот на албанскиот премиер, Орфи Рама беше уапсен синоќа под сомнение дека го организирал и раководел со инцидентот со албанското знаме, по што натпреварот беше прекинат. Подоцна тој беше ослободен и вратен во Албанија.

XS
SM
MD
LG