Достапни линкови

logo-print

Напад на антиталибански состанок во Пакистан


Најмалку пет луѓе загинаа, а седум се повредени во самоубиствен напад за време на состанокот на мировен комитет во пакистанската област Кибер. Локалните власти велат дека бомбаш самоубиец се разнел при што настрадале антиталибанските старешини кои биле на состанокот. Засега никој не презеде одговорност за нападот. Регионот Кибер се наоѓа во близина на границата со Авганистан. Во овој регион има силно присуство на милитантни групи поврзани со Талибанците и со Ал Каеда.

XS
SM
MD
LG