Достапни линкови

Путин потпиша ограничување на странски удел во медиумите


Petersburg, October 7, 2014

Petersburg, October 7, 2014

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се ограничува странскиот удел во руските медиуми на 20 проценти. Со неговиот потпис законот стапува во сила. Законот оневозможува медиумите да се финансираат или на нивно чело да бидат странски групи или поединци, вклучувајќи и Руси со двојно државјанство. Медиумите кои имаат повеќе од 20 проценти странска сопственост, тоа мора да го намалат до февруари 2017. Некои медиумски финансиери го критикуваа законот, како уште еден обид на Кремљ да ја задуши медиумската слобода.

XS
SM
MD
LG