Достапни линкови

САД и Русија со размена на податоци за милитантите на ИД


Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров синоќа во Париз се договориле да ја зголемат соработката во размената на разузнавачки податоци за екстремистичката група Исламска држава која контролира големи делови на териториите на Сирија и Ирак. Кери додаде дека со Лавров се согласиле оти за милитантите на Исламската држава, како што рече, „нема место во 21 век“. Белата куќа синоќа соопшти дека стратегијата што ја покрена Вашингтон во борбата против џихадистите во Сирија и Ирак функционира. „Станува збор за долгорочни напори. Никој не тврдеше дека воздушните удари радикално ќе ја сменат ситуацијата за еден ден“, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернст.

XS
SM
MD
LG