Достапни линкови

Обама на состанок со сојузот против милитантите на ИД


Американскиот претседател Барак Обама на состанокот со воени претставници на околу 20 земји изјави дека бил длабоко загрижен за опсадата на сирискиот град Кобани од страна на милитантите на Исламската држава. Тој додаде дека Соединетите држави ќе ги продолжат воздушните напади во тој регион. Обама исто така изразил загриженост и за напредувањето на милитантите во ирачката област Анбар. Наведувајќи дека во коалицијата се вклучени околу 60 земји, Обама изјави дека станува збор за долготрајна кампања која ќе трае се додека не бидат победени милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG