Достапни линкови

Инцидент нa фудбалскиот меч меѓу Србија и Албанија


Братот на албанскиот прмиер Еди Рама, Олси бил уапсен во Белград поради сомневање дека го предизвикал и организирал инцидентот во Белград во текот на синоќешниот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Србија и Албанија во рамките на квалификациите на Европското првенство. Ваквите наводи на српската полиција се демантирани од албанското министерство за внатрешни работи. Српската полиција наведува дека со леталото на далечинско управување на кое бил закачен транспарент со цртеж на „голема Албанија“ управувал Олси Рама од ложата на стадионот каде што се играл мечот. Откако дронот се појавил на теренот дошло до тепачка и турканици меѓу играчите на двата тима и до упаѓање на навивачи на теренот. Судијата го прекина натпреварот. По инцидентот во Белград собирања имало во повеќе градови на Косово и во Македонија.

XS
SM
MD
LG