Достапни линкови

Ситуацијата во Кобани драматична


Американската армија соопшти дека меѓународната коалиција денеска извршила 21 воздушен напад вр позициите на исламистичките милитанти околу сиријскиот град Кобани. Според американската команда, со овие напади било запрено напредувањето на исламистите кон Кобани, но оти ситуацијата и натаму е сериозна.

Бранителите на Кобани, сиријските курди сеуште не ја добиле ветената помош во оружје и муниција, бидејки, како што тврдат, Турција и натаму одбива да отвори транзитен коридор.

XS
SM
MD
LG